Фудбал

АМЕРИТЕ ПРЕДЛАГААТ ОЛ-СТАР ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА?

Само што дојде во англискиот фудбал, Тод Боели веднаш има предлози како да се унапреди. Новиот сопственик на Челси предлага организација на Ол-Стар меч во кој ќе се соочат двете (географски) страни на Премиелригата:

МЛБ заработи 200 милиони долари во два дена – понеделник и вторник, кога беше организиран Ол-Стар натпреварот. Многу лесно може да се најде формулата за успех и во Премиерлигата. На пример, може да играат Северот против Југот.

Од економски аспект, ова изгледа примамливо. Но, како би изгледало тоа во фудбалскиот живот кој во Англија, знаеме, од традиционалните патишта не може да го помрдне ни тенк?

Од друга страна, ако НБА лигата воведе Куп натпреварување среде сезоната, кое е карактеристично за европските спортови, тогаш зошто Премиерлигата да не проба амер-димензија?