Фудбал

ЏОРНАЛЕ Д’ИТАЛИА: ЛАУТАРО И ЛУКАКУ НЕ СЕ ГЕЈ-ОВИ

Штом се појави шпекулацијата во еден аргентински медиум, пламна Интернетот со меме-инвазија за наводната „љубовна врска“ меѓу Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку.

Италијанскиот медиум Џорнале Д’Италиа веднаш излезе со опширен текст во кој се вели следното:

Информацијата протекла најверојатно од сопругата на Мартинез, Агустина Гандолфо, лиферувана и од твитер акаунтот “Info real de tendencias”, пренесена и од медиумот „Оле“.

Дополнително била подгреана со исчезнувањето на Инстаграм акаунтот на Мартинез, кој броел 5 милиони следбеници, заедно со веста што ја објавила неговата сопруга.

Италијанците негираат дека постои љубовна интинма врска меѓу двајцата фудбалери на Интернационале, но штетата е веќе направена и медиумите, особено на Интернет, горат.

Играчите се уште се немаат официјално огласено по ова прашање.