Фудбал

ЗОШТО ДУЕЛОТ БАЕРН-БАРСЕЛОНА Е „МЕЧ НА ПРВАТА ФАЗА“ ОД СЕЗОНАТА?

Натпревар на првата фаза од сезоната е пресметката меѓу Баерн и Барселона во Минхен. Овој натпревар не е обичен, од повеќе аспекти.

Најновиот аспект е трансферот на Левандовски во Каталонија – како сега баварската машинерија ќе игра против еден од своите најдобри напаѓачи во модерната историја?

Главниот аспект е ривалитетот кој се појави меѓу овие два клуба – германската дивизија со години како тенк гасеничар гази преку „најдобрата екипа на сите времиња“, без разлика дали е тоа Алијац Арена или Камп Ноу, или неутрален терен.

Од 21 часот, улиците би требало да бидат празни, а од претходно во текот на денот да бидат испразнети рафтовите со чипс и пиво.

Следете ја Лигата на шампионите и коментирајте за исходот на овој натпревар, вечер може да има голема инспирација…