Кошарка

(ВИДЕО) ХЕРОЈОТ НА ДЕНОТ ПОЦЕКО, ГО ИМА ПОТЕГОТ И НА ПРВЕНСТВОТО

Немаше веќе кошарка во него, па се сети да ги искористи емоциите. Доби две технички, беше исклучен и ги наполни срцата на своите играчи со набој кој прерасна во кошаркарска магија. Ниту руски тенкови немаше да ја сопрат Италија да ја победи Србија.

На крајот на мечот, очекувано, се врати во салата и скокаше со своите играчи, славеше како луд, затоа што тоа е Џанмарко Поцеко и оние кои не го познаваат од времето кога играше, нека научат по нешто за спортот кој постои многу одамна:

Поцеко е херојот на шампионатот, поради резултатот и поради конструкцијата на планот со кој Давид го победи Голијат! и поради тоа што се врати да слави на теренот! И поради ваквите потези, како прегратката со Адетокумбо во ходникот!