Фудбал

КОГА ФУДБАЛЕРИТЕ ПЛАЧАТ КАКО МАЛИ ДЕЦА? КОГА ЌЕ ИМ СЕ ОСТВАРИ СОНОТ…

Натпреварувачка сезона 2022/23, во Лигата на шампионите. Тоа е најквалитетното фудбалско натпреварување во историјата, за кое некои играчи би го смениле и омилениот клуб, само за да истрчаат на теренот и да ја чујат химната.

Калвин Баси (не)играше во Лестер од 2018-та до 2020-та, потоа премина во шкотскиот Ренџерс, а на стартот на оваа натпреварувачка кампања потпиша за екипата на Ајакс. На првиот меч од ЛШ, не издржа машкото срце и заплака:

Нигериецот покажа емоции, какви што гледаме само во Лигата на шампионите. Можете ли да го споредите ова натпреварување, со некое друго во кој било спорт? Постои ли поголем магнет за спортистите, од елитната лига?