Тенис

НАДАЛ, КОЈ?

Заврши сонот на Рафаел Надал за прво место на АТП листата и за збогатување на колекцијата на Грен слем трофеи. Шпанецот е рекордер со 22, еден помалку има Новак Ѓоковиќ кому не му беше дозволено да игра на УС Опен поради тоа што не е вакциниран против Ковид-19.

Французинот Франсис Тиафо го преслуша шпанскиот матадор со 3:1 (6:4, 4:6, 6:4, 6:3) и со 49 винери, со што го испрати вториот носител дома. Претходно паднаа првиот носител Медведев и четвртиот Циципас, на УС Опен остана уште третиот Алкараз (победи 3:2 со Чилиќ).

Прашањата се:

1. Му се позна илето на Надал, или едноставно и неговото време заврши?
2. Останува ли Ѓоковиќ последниот Мохиканец од големата тројка, или и неговото време заврши?