ТУРЦИТЕ ВО НОВА ВОЈНА СО ГРУЗИЈЦИТЕ
Објавено на: 06.09.2022
По натпреварот меѓу Турција и Грузија на ЕП и поразот од 83:88 од домашната селекција која ја „организира“ Групата А во Тбилиси, страстите толку се загреани, што никој не сака да попушти, а Турција најавува скандалозни потези.
Прво, Коркмаз провоцираше на теренот и најверојатно ја пренел таа атмосфера во тунелот по крајот на мечот. Се шпекулира дека на неговите провокации наседнале повредениот Шенгелиа кој не игра и Битадѕе кој не играше на тој меч.
Furkan Korkmaz, Sanadze'yi çıkışa çağırıyor 👀👑pic.twitter.com/MAiVk9N0qu
— Berke ile VAR'a Doğru (@BerkeHutchinson) September 4, 2022
Претседателот на турската федерација Туркоглу, поранешен кошаркар изјави дека Грузијците немале м*да да ги покажат снимките од инцидентот, а поранешниот кошаркар Омер Онан кој е потпретседател на турската федерација, најави повлекување од ЕП.
Како ќе заврши сагата? Страстите меѓу овие две земји се вжештени по воените конфликти што се случија меѓу државите, во минатото, поблиското и подалечното. Се мешаат ли премногу спортот и политиката, односно историјата?
Фото: FIBA