ЗАВРШИ ОСТВАРУВАЊЕТО НА ИЊАКИ, КАПА ДОЛУ ЗА РЕКОРДЕРОТ
Објавено на: 31.08.2022
Фудбалерот на Атлетик Билбао и младински шпански репрезентативец, кој реши да настапува за сениоркста селекција на Гана, ја прекина серијата од 236 одиграни меча по ред, која се простираше низ последните 6 сезони во лигашкиот фудбал во рамките на Примера.
Ињаки Вилијамс нема да игра (ниту на СП) поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб, но неговото остварување останува запишано во книгите на фудбалот. Тој го урна претходниот рекорд од 202 натпревара по ред, а играше од април 2016-та година.