ДАЛИ ЕЛ ТИГРЕ Е НАЈДОБРИОТ НАПАЃАЧ НА АТЛЕТИКО МАДРИД?
Објавено на: 31.08.2022
На денешен ден пред деценија, поточно во 2012-та година во рамките на Суперкупот, екипата на Атлетико Мадрид го совлада Челси и славеше во натпреварот кој е дуел на двата победника во двете европски континентални лиги.

Ова се головите на Радамел Фалкао со чиј хет-трик душекџиите стигнаа до вториот (од три, 2018) ваков пехар во својата историја, победувајќи со 1:4 во Монако откако претходната сезона ја освоија ЕЛ, а Челси победи во ЛШ:
🇨🇴 El Tigre. @falcao 🥶
🔴⚪️ Atléti's Super Cup hat-trick hero, on this day in 2012! #UCL pic.twitter.com/2rdlJsw1TY
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 31, 2022
Фалкао погоди во 6-та, 19-та и 45-та минута, Миранда стрелаше во 60-та, а почесниот гол за англиската екиап го постигна Кејхил во 75-та минута од мечот. Фалкао играше 2 години за Атлетико и на 68 меча постигна 52 гола.