Фудбал

ШТО СИ ШЕПНАА МИЛНЕР И ВАН ДАЈК?

Во вечното англиско дерби, екипата на Манчестер Јунајтед влезе со императив победа и излезе како добитник по освоените три бода. Ливерпул допатува на Олд Трафорд без пораз од црвените ѓаволи од 2018-та година, но си замина со наведната глава.

Освен што загуби, екипата на Јурген Клоп ги покажа сите свои внатрешни недостатоци и маани, особено во линијата на одбраната. Повторно цел на нападите е Вирџил Ван Дајк, еден од најскапите дефанзивци на светот, кој беше обвинет и од соиграчите:

Аналитичарите на Скај Спортс, беа на иста линија – Рој Кин сугерира дека Клоп мора да биде загрижен за последната линија и дека ова не се вообичаени вербални пресметки меѓу верни соиграчи, додека Џејми Карагер сугерира дека на холандскиот капитен му недостасува интензитет во клучните моменти од натпреварите.

Што ли му кажа Милнер на Ван Дајк?