Фудбал

ШПАНЦИТЕ ГИ КОРПИРААТ ПОНУДИТЕ НА ЈУНАЈТЕД, НО…

Атлетико Мадрид ги одби двете понуди на Манчестер Јунајтед – 130 милиони евра за Феликс и 50 милиони евра за Куња. Ова е јасна порака до англиската екипа – или понудете нешто ненормално што не може да се одбие, или не се обраќајте на оваа адреса.

Таква понуда стигнала за фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро на кого му се понудени 380.000 фунти неделна плата, што е трипати поголем договор од актуелниот што го има во Кралскиот клуб, а на првакот на Европа и Шпанија му се понудени 75 милиони евра.

На адресата на Барселона стигнале прашања за Обамејанг, но според извори во шпанскиот фудбал, поранешниот фудбалер на Арсенал би заминал само ако стигне понуда од Челси затоа што сака да се врати во конкурентна екипа во Премиерлигата.

Засега, нема позитивен одговор за ниту едно барање…