Кошарка

ЛЕБРОН ПРИФАТИ 97 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – „ЌЕ СТОРАМ СЕ ЗА ДА ИГРАМ СО МОЈОТ СИН“

Леброн Џејмс го продолжи договорот со ЛА Лејкерс за уште две години во кои му се загарантирани 97 милиони долари, а ако продолжи да се зголемува селари капот тогаш неговата плата може да достигне 111 милиони долари во тој период.

Кралот ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на играта, со најмалку 532 милиона американски долари. Кога Џејмс ќе наполни 40 години неговиот син ќе може да се појави на драфтот, а Леброн има шанса да избере дали ќе продолжи или ќе си замине од Лејкерс.

Каде ќе оди Брони, таму ќе играм и јас. Ќе сторам се што е во моја моќ, да одиграм барем една сезона со мојот син. – се зборовите на Леброн Џејмс, за Атлетик.