РАМОС ГИ СПРЕЧИЛ МБАПЕ И НЕЈМАР ДА СЕ ИСТЕПААТ
Објавено на: 16.08.2022
Најдобро за принцот Насер Ал-Келаифи кој е газда на ПСЖ, е да си ги спакува куферите и да се врати на плажите во Саудиска Арабија, или да ги испрати сите умислени големи фудбалери во други клубови, со цел да отвори фронт за создавање вистинска екипа, за што сепак е потребно подолго време.

Серхио Рамос ги двоел Килијан Мбапе и Нејмар да не се испотепаат, по победата на ПСЖ против Монпеље со 5:2. Двете смешни ѕвезди кои никогаш ништо немаат освоено како поединци, туку само со силни колеги во клубовите и репрезентациите, се скарале кој да ги изведува пеналите.

Нејмар прв дојде во ПСЖ за рекордни 2222 милиони евра во 2017-та, Мбапе следната година стигна со втор рекорден трансфер во историјата за 198 милиони, но за следните три сезони потпиша договор со кој му се гарантира право на учество во креирањето на екипата. Кој ли ќе биде неговиот следен потег?