Фудбал

БАРСА ИМ СЕ НАМЕРАЧИ НА АНГЛИСКИТЕ ЕКИПИ – АРНОЛД Е СЛЕДНАТА ЦЕЛ

Каталонската екипа не застанува во обидот да формира респектабилен тим кој следната сезона би бил конкурентен на сите полиња, односно во рамките на шпанските натпреварувања и во Лигата на шампионите.

За таа цел, следното име кое е интересно за раководството на Барселона, а предложено од страна на тренерот Чави, е десниот бек на Ливерпул и на англиската репрезентација , Трент Александер-Арнолд.

За неговите услуги, Барселона нуди 67 милиони фунти. Договорот му истекува на 30-ти јуни 2025. Вредноста на пазарот му се проценува на околу 80 милиони фунти, а највисоката му била 110 милиони.

Барса веќе ги доведе во своите редови Рафиња, Кунде, Левандовски, Кеси и Кристенсен, со што тимот кој ќе го гледаме во дресот на Блауграна следната натпреварувачка кампања, е мошне сериозен.