Фудбал

ЕСПН МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ АСИСТИРАЧИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА ГО ВБРОИ И КУЛУШЕВСКИ

Изненадува ли податокот што фудбалерот со македонско потекло, кој минатата сезона премина во редовите на Тотенхем и веднаш стана миленик на публиката, е вброен меѓу најдобрите додавачи во англиското фудбалско првенство:

На листата има многу импресивни имиња. Може ли репрезентативецот на Шведска, кој одби да игра за сениорската селекција на Македонија, а играше за младинските, да биде најдобар премиерлигашки додавач наредната сезона?