КОЈ ЌЕ БИДЕ АФРИКАНСКИ ФУДБАЛЕР НА ГОДИНАТА – САЛАХ, МАНЕ ИЛИ МЕНДИ?
Објавено на: 21.07.2022
Египетскиот напаѓач кој настапува за Ливерпул, или еден од Сенегалците кои играат за Баерн Минхен и Челси? Кој ќе биде избран за најдобар фудбалер на Африка за 2022-та година?

Овие три имиња се финалисти избрани од листата на 10 фудбалери кои влегоа во „полуфиналето“. Наградата ќе биде доделена на официјалната церемонија, денеска, во Рабат, Мароко.

Салах (2017, 2018) и Мане (2019) си ја делат наградата на послендите три избори, која последен пат беше доделена во 2019-та година. Може ли голманот да им ги помати сметките на напаѓачите?