Фудбал

ЈУВЕ ДОБИВА, НО И ГУБИ – ДЕ ЛИХТ ВО БАЕРН

Холандскиот дефанзивец ќе ги засили редовите на баварската машинерија, која неодамна остана без напаѓачот Роберт Левандовски за кого доби 45 милиони евра. Новата инвестиција, Матејс де Лихт ќе ги чини Баварците цели 80 милиони евра.

Во исто време од Шпанија се слушаат гласини дека Френки де Јонг од Барселона, наместо во Манчестер Јунајтед, наводно сакал да премине во редовите на Баерн Минхен со цел повторно да заигра заедно со некогашниот соиграч од редовите на Ајакс.

Јуве во 2019-та го доведе централниот одбранбен играч за 85,5 милиони од Ајакс. За следната сезона кај Старата дама бесплатно стигнаа Пол Погба и Анхел ди Мариа, но заминаа Дибала, Коста и Киелини. Како ви изгледа составот на Јуве, досега?