РОНАЛДО ОДБИЛ ПАРИ СО КОИ МОЖЕ ДА СИ КУПИ ДРЖАВА?
Објавено на: 16.07.2022
Португалскиот виртуоз планира да игра уште долго на врвно ниво, со оглед на неговиот последен потег кога е во прашање продолжувањето на кариерата.
Има 37 години и не сака да се пензионира, туку сака уште успеси.

Кристијано Роналдо кажал НЕ на понудата од Саудиска Арабија, која ќе го направеше најбогатиот и најплатениот фудбалер на денешницата, со 227 милиони американски долари плата за следните две сезони.
Манчестер Јунајтед ќе добиеше 30 милиони отштета за трансферот на Кристијано Роналдо, кој е икона на клубот. Но, одговорот на црвените ѓаволи е следниот – тој не е на продажба, сакаме заеднички успеси.

Манчестер Јунајтед заврши на 6-та позиција во Премиерлигата минатата сезона, што значи Кристијано Роналдо нема да игра ЛШ и ќе настапува во Лига Европа, ако остане на Олд Трафорд и во наредната сезона.
Каков ќе биде расплетот на сагата?