Фудбал

КАКО МОЖЕ ДА ПОТПИШЕШ СО ИГРАЧ ЗА 60, А НА ДРУГ МУ ДОЛЖИШ 17 МИЛИОНИ?

Екипата на Барселона го комплетира трансферот на Рафиња, кој вреди 60 милиони евра. Во меѓувреме, истата екипа му должи на свој фудбалер 17 милиони евра.

Заостанатиот долг на Барса кон Френки де Јонг се плати и бонуси, кои тој требаше одамна да ги добие на својата сметка, според финансиските правила кои „важат“.

Во моментов е актуелно барањето на Барселона упатено до Манчестер Јунајтед, да ги плати заостанатите средства за Холанѓанецот, ако го сака во своите редови.

Барселона бара 80, Јунајтед нуди 65 со „додатоци“. Долгот на Каталонците, е главната кочница за примарна желба на новиот тренер, Ерик тен Хаг.