Фудбал

КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЈУДА ВО ФУДБАЛОТ?

Животот на модерните професионалци е суров. Тие треба да бираат меѓу симпатиите и преживувањето. Дали да мислат на срцето или на егзистенцијата?

Во модерниот фудбал, стана нормално да се премине од редовите на еден, во редовите на друг конкурент во рамките на една лига, без око да ти трепне.

Рахим Стерлинг (27) играше за Ливерпул (3), потоа за Сити (7), а сега ќе игра за Челси. Тука ќе се пензионира, или ќе проба уште некој друг дрес?

Што треба да сфати публиката од оваа биографија? Дека фудбалот, исто како и се друго во животот, стана бизнис? Дека чувството на припадност го нема?