Мотоспорт

НАЈВОЗБУДЛИВИТЕ МОМЕНТИ ОД Ф1 ТРКАТА ВО АВСТРИЈА – КОЈ Е БРОЈ 1?

Шарл Леклер победи и по Австралија, се враќа на врвот на подиумот на една Формула 1 трка сезонава. Тоа е трета победа во ова првенство за возачот од Монако. Зад него се пласираа актуелниот шампион Ферстапен и најтрофејниот меѓу активните, Хамилтон.

Возачот на Ферари победи првпат без пол-позиција, а во директна битка покажа дека е најдобар на денешната трка:

Болидот на Карлос Саинц се запали и тој не ја заврши трката:

Мик Шумахер ја оствари својата најдобра позиција во историјата, се пласира на 6-то место:

Звукот што плени и што остава без здив, на стартно-целната рамнина на трката за ГН на Австрија:

Во генерелниот поредок води Ферстапен со 208, пред Леклер со 170 бода. Ред Бул има 340 кај конструкторите, пред Ферари со 278 бода. Извозени се 11 од 22 трки, следната е во Франција на 24-ти јули.