Кошарка

КАДЕ И ЗОШТО ДА СЕ ПРОШИРИ НБА ЛИГАТА?

НБА лигата се проширила неколку пати низ својата историја и секогаш тоа се случувало со голема доза на претпазливост, со цел да не се оптовари или да не се наруши кошаркарската мапа во САД.

Главно, проширувањата биле од спортски причини, иако поновата историја ги преферира економските. Дали и колку, евентуалното проширување на НБА, ќе донесе ќар за лигата, франшизите и навивачите?

НБА лигата постои од 1946-та година. Најмалку екипи имало во сезоните 1947/48 и 1955/56, кога играле само по 8 тима.

Последните проширувања се со Шарлот Хорнетс и Мајами Хит (1988), Минесота Тимбервулфс и Орландо Меџик (1989), Торонто Репторс и Ванкувер (Мемфис од 2001) Гризлис (1995) и Њу Орлеанс Пеликанс во 2002.

Во јуни, комесарот на НБА лигата Адам Силвер изјави дека не е планирано скоро проширување, но оваа кошаркарска организација неизбежно ќе се прошири во иднина, иако има 30 тима кои учествуваат во натпреварувачкиот систем.

Потенцијалните градови се:

Лас Вегас
Сиетл
Сан Диего
Луисвил
Ванкувер
Монтреал
Канзас Сити
Питсбург
Хемптон Роудс
Мексико Сити

Кој град одговара најмногу и зошто?