Фудбал

МЕСИ ВЕЌЕ СЕ ИЗЈАСНИ ДАЛИ САКА ДА ИГРА ВО ИСТ ТИМ СО РОНАЛДО

Кристијано Роналдо нема да патува со Манчестер Јунајтед на турата на северно американскиот континент, дополнително разгорувајќи ги шпекулациите дека сака да си замине од Олд Трафорд.

Многу тимови се шпекулираат како негова следна дестинација, почнувајќи од Баерн Минхен, Челси, Реал Мадрид, Наполи, Рома па и ПСЖ, тим во кој игра Лионел Меси.

Португалецот е во очајна потрага да игра и следната сезона во Лигата на шампионите, нешто што не е возможно со Манчестер Јунајтед, откако лани завршија како шести во Премиер лигата. Трансфер на Роналдо во Париз ќе значи спојување со неговиот најголем „ривал“ во ист тим, а за таквата идеја Лионел Меси се има изјаснето уште во 2015 година.

Запрашан дали би можел да игра со Роналдо во ист тим, тој одговори:

Секако. Јас сакам да играм со најдобрите, а тој е еден од нив. Ќе биде тешко да се најде место за нас двајца во ист тим, но не би имал ништо против. Имав среќа во кариерата да играм заедно со многу голем играчи и би сакал да го имам Роналдо како соиграч.

Потрагата по новиот клуб на Португалецот продолжува, а идејата за спојување со Лионел Меси и понатаму е реалност. Останува да видиме каде ќе заврши еден од најдобрите светски фудбалери.