Фудбал

УЕФА ОТВОРИ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ЗА РЕАЛ, БАРСА И ЈУВЕ

Трите гиганти кои и останаа верни на Суперлигата се под лупата на Европската куќа на фудбалот, која сериозно размислува за сериозни санкции за прекршителите на статутот, кои се обидоа да формираат паралелно натпреварување и да се отцепат од УЕФА.

Останатите 9 основачи нема да бидат гонети, затоа што веднаш се покајаа и се повлекоа од идејата за организирање на нова се-европска лига во која, според замислата, требаше да учествуваат само богатитие клубови и чиј примарен интерес беше профитот.

Ако не се повлечат од идејата, на Јувентус му се заканува исфрлање од Серија А, а истото важи и за Реал и Барселона од Ла Лига. Можна е суспенција на сите и од Лигата на шампионите, стои во информациите што ги лиферуваат странските угледни медиуми.