ХОЛАНДИЈА Е НАЈНЕСРЕЌНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО НАЈУБАВИ ГОЛОВИ?
Објавено на: 06.07.2022
Селекцијата на „лалињата“ одигра три финални натпревари на светските првенства, но не успеа да се искачи на тронот. Последен пат, Робен ја промаши титулата во директен дуел со Касиљас, во финалето на СП 2010-та во Јужна Африка.
Но, Холанѓаните имаат нешто што никој нема, а тоа се елеганцијата и грациозноста на фудбалските мајстори кои доаѓаат од оваа земја. Без да ги ставаме по некој редослед или на некаква табела, еве еден од моментите по кои тие се издвојуваат:
Спектакуларно, нели? Голот на Денис Бергкамп и победата во 1/4 финалето на СП 1998-та во Франција, против селекцијата на Аргентина. Холанѓаните загубија од Бразил на пенали во полуфиналната пресметка, а триколорите ја освоија титулата.