(ВИДЕО) РЕАЛ МАДРИД НА ЖОЗЕ МУРИЊО, БЕШЕ НЕСОПИРЛИВ?
Објавено на: 06.07.2022
Беа тоа романтичните фудбалски времиња кои се случуваа не толку одамна, со еден од последните фудбалски романтичари во главна улога, (само)наречен „специјалниот“ при доаѓањето во Челси од Порто каде ги освои Лигата на шампионите и УЕФА Купот.
Стилот на Жозе Мурињо е неповторлив, неговите екипи ги краси посебна енергија, а ова е една од илустрациите кои покажуваат дека кога се во елемент, играчите под палката на португалскиот стратег се едноставно несопирливи:
Jose Mourinho’s Real Madrid. Unstoppable.
pic.twitter.com/wKiARwfjsm— TC (@totalcristiano) July 5, 2022
Во периодот меѓу 2010-та и 2013-та, колку што успеа да се задржи на клупата на Кралскиот клуб, Мурињо беше еден од најуспешните стратези. Ја освои лигата на Шпанија против најдобрата екипа на Барселона во историјата, урна рекорди на постигнати голови и освоени бодови, ги „лечеше“ фудбалерите на Реал Мадрид од ментални бариери и слично…
Дали, ако му се дадеше соодветна шанса, ќе создадеше династија од Реал Мадрид?