ББС: НОВАК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА
Објавено на: 06.07.2022
Коментаторот на англиската, односно британската државна телевизија искоментира дека Ѓоковиќ би можел многу лесно да стане претседател на својата земја, доколку го посака тоа.
Новак Ѓоковиќ има многу симпатизери и каде и да игра, тие го следат со страст. Се прашувам дали еден ден ќе се реши да влезе во политиката и дали ќе биде претседател на Србија. Мислам дека убедливо би победил на изборите.

Ова беше искоментирано додека во кадар се вееја српските знамиња на трибините на Вимблдон. Новак игра в петок против британскиот тенисер Камерон Нори, во 1/2 финалето на отвореното тениско првенство на Англија.