Тенис

И ВИМБЛДОН ГО ИСПОФАЛИ НАШИОТ ИВАНОВСКИ

Калин Ивановски победи против мексиканскиот тенисер Пачеко Мендез со 2:0 (6:1, 6:2) во сетови, во 2-то коло во рамките на тенискиот турнир Вимблдон, во конкуренција на момчиња.

Особено инспирирачки беше последниот поен на натпреварот, нешто што не остана незабележано од страна на организаторот на турнирот, кој на официјалниот Твитер акаунт, праша:

Дали сте виделе некогаш ваков меч-поен?

Овој потег на Калин Ивановски (18) потсеќа на сервисот на Ник Кирјос во победата против Стефанос Циципас, а тоа што е меч-поен му дава и дополнителна тежина.

Во следната рунда, македонскиот репрезентативец се соочува со претставникот на Литванија, Едас Бутвилас.