Мотоспорт

СЕСТРИНСКА ЉУБОВ: ШУМАХЕР, ЗА МЕНЕ ТИ СИ ПОБЕДНИКОТ!

Има ли нешто посвето, од родената крв? Има ли нешто послатко, од заедничка прослава на успехот на едниот? Одговорот е едноставен – нема! Џина, сестрата на Мик Шумахер ги прослави неговите први бодови во Формула 1, со шампањ и со емоции: За мене, ти си победникот!

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел, се пласира на 8-та позиција на британското Формула 1 Гран при кое се одржа изминатиот викенд и освои 4 бода. Далеку е од конкуренција за висок пласман, но сепак, овој фамилијарен потег вреди да се одбележи.