Фудбал

РЕАЛ ГО НАЈАВИ КАМ-БЕКОТ НА РОНАЛДО?

Во екот на трансфер-периодот, Кралскиот клуб објави неколку моменти од кариерата на португалскиот ас Кристијано Роналдо, со назнака дека се работи за љубовна приказна меѓу него и најтрофејниот европски колектив.

Хајлајт на постот е голот со ножички против Јувентус, во рамките на натпреварите од Лигата на шампионите. Оваа објава се случува само еден ден откако Роналдо најави дека нема да се појави на почетокот на подготовките на Манчестер Јунајтед поради приватни причини.

Јунајтед му дозволи на Роналдо да отсуствува, со напомена во медиумите дека нема намера да го продава и дека има уште една година од договорот. Кристијано сака да оствари што повеќе лични рекорди во наредните 2-3 сезони колку што може максимално да игра врвен фудбал.

Ќе се врати ли Португалецот „дома“, таму каде што ги имаше најѕвездените мигови од кариерата?