Фудбал

НАЈДОЛГОВЕЧНИОТ ЧОВЕК ВО ЊУКАСЛ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА

Спортските колективи имаат барем по една икона, која е симбол на постоењето на еден клуб и најчесто тоа се „споредните“ луѓе во организациите, како што се домари, клучари и слично.

Во случајов, станува збор за физиотерапевтот на Њукасл кој скоро четири децении, односно долги 38 години не ја напушти екипата, не го издаде клубот и остана црно-бел без разлика на резултатите.

Дерек Рајт е името на човекот задолжен за физичката „достапност“ на фудбалерите, неговите вредни раце им ги одржуваа мускулите подготвени за сите напори што беа исправени пред нив.

Њукасл му посакува среќно пензионирање. Не му се погоди баш терминот, сега кога дојдоа милионите тој мора да замине во пензија и да гледа од трибините, како Њукасл (ќе) пали и жари по терените…