ИДРИСА ГЕЈ ПРЕЧЕКАН КАКО ХЕРОЈ БИДЕЈЌИ НЕ ГИ НОСЕЛ ЛГБТ БОИТЕ
Објавено на: 29.06.2022
Фудбалерот на ПСЖ е пречекан како херој во својот Сенегал, бидејќи одбил да ги носи боите на виножитото на дресот на Парижаните, објави Бакари Сисе.
Претходниот месец, на четири кола пред крајот на сезоната, во Франција се славеше Светскиот ден во борбата против хомофобијата, па така сите клубови на своите обележја требаа да ги имаат боите на виножитото.
👕 On World Day Against Homophobia, our jerseys will have the rainbow flag, symbol of peace and diversity of the LGBT movement.
#MHSCPSG pic.twitter.com/xMTu3l2cRY
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) May 14, 2022
ПСЖ играше против Монпеље, а во составот не беше Идриса Геј. Маурицио Покетино тогаш потврди дека играчот не е во тимот, иако отпатува на гостувањето, поради „лични причини“.
Денес, советникот на Садио Мане, Бакари Сисе, кој е исто така Сенегалец како Мане и Геј, изјави:
Станува збор за недоразбирање. Идриса е роден во Сенегал и израснат е тука, каде што не се следи таква култура како во Франција. Овде во Сенегал, никој немаше да го разбере доколку направеше нешто обратно.
Ваквиот настап на играчот од средниот ред наиде на восхитки и одушевувања од своите сонародници во Сенегал, а за ваквиот потег на Геј денес истрага отвори и комисијата за етика во француската фудбалска федерација. Па така, играчот на Кристал Палас Кујате, на Инстаграм објави стори со поддршка до Геј.
Француските медиуми од другата страна прават напори да дознаат дали Идриса Геј не бил дел од составот на ПСЖ и претходната сезона во истото коло кога се празнувале боите на виножитото.