КОЛКУ МИЛИОНИ ПОТРОШИ СИТИ ЗА ЗАСИЛУВАЊА, ДОСЕГА?
Објавено на: 30.06.2022
Во досегашниот дел од меѓусезоната, екипата на Манчестер Сити објави дека склучила договори за откуп на тројца фудбалери, кои заедно и вкупно ја чинат сината екипа цели 112 милиони фунти.
Ерлинг Халанд – 51 мил. (потврден)
Хулиан Алварез – 16 мил. (непотврден)
Калвин Филипс – 45 мил. (непотврден)
Но, ако се земе в предвид олеснувањето на буџетот кое беше направено со продавање, односно заминување на одреден број играчи на кои им истекоа договорите, математиката изгледа многу домаќинска, особено за клуб со финансиска историја како Сити.
Гавин Базуни – 12 мил. (продаден)
Педро Поро – 8 мил. (продаден)
Фернандињо – истечен договор
Мохамед Амину – истечен договор
Џејден Брааф – истечен договор
Роуна МекДоналд – истечен договор
Кваку Одуро – истечен договор
Клубот во кој прв тренер е Пеп Гвардиола, досега потрошил нешто околу 10 милиони фунти. Фудбалската јавност во Велика Британија ја оценува оваа тенденција како екстремно квалитетна и успешна.

Прашањето е дали тука завршува шопингот на Манчестер Сити? Дали засилувањата ќе бидат адекватни? Што ако не им тргне како што замислиле, дали ќе го отворат сефот и ќе почнат да фрлаат пари, како во минатото?