Кошарка

СРБИЈА Е КОЛЕВКА НА УЛИЧНИОТ БАСКЕТ

Репрезентацијата на нашиот северен сосед по петти пат стана светски шампион во 3х3 баскет, кошаркарска под-дисциплина или спорт кој е организиран од страна на ФИБА, кој стана олимписки и кој претендира да стане најпопуларен меѓу „малите“ спортови.

Србите се осамени на врвот на вечната листа на освојувачи на златните медали, со 5 златни одличја и едно сребро. Американците се на втората позиција со по едно злато и сребро. Катар е на третата позиција со едно злато.

Светските првенства во овој спорт се одржуваат од 2012-та година. Србија го освои првото злато, потоа триумфира селекцијата на Катар, за потоа Србија да освои три последователни одличја, а Американците беа победици минатата година.

Кај дамите триумфира селекцијата на Франција, а американските дами имаат две златни одличја со што се на врвот на листата на ФИБА. Овој спорт е се попопуларен во светски рамки, а многу брзо се шири и меѓу македонската публика.