Фудбал

ДИРЕКТОРОТ НА СИТИ: РЕАЛ ИМАА ПРЕМНОГУ СРЕЌА

Откако Манчестер Сити беа елиминирани во полуфиналето од Реал Мадрид во последните неколку минути со два гола за две минути, конечно се огласија луѓето од нивната управа.

Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано излезе со тврдење дека Лигата на шампионите е натпреварување во кое ви е потребно среќа за да го освоите, наспроти Премиер лигата, која неколку пати ја имаат освоено до сега.

Трофејот во Лигата на шампионите не е целта врз која го правиме тимот и ги носиме одлуките, бидејќи за ова натпреварување среќата е еден од најголемите фактори. Можеш да имаш многу добри натпревари низ целата сезона, но да стигнеш до полуфинале во кое ќе немаш среќа и си надвор од натпреварувањето.

Според него, за разлика од Лигата на шампионите, Премиер лигата е натпреварување во кое е потребно конзистентност во победите и не може еден натпревар да го одлучи победникот.

Но кога ќе се спореди лигата, таму не може да се каже дека среќата е одлучувачка, бидејќи победува оној кој е најдобар. Ние во Сити велиме дека Премиер лигата е лебот и путерот за нас, она што не мотивира секоја сезона.

Потоа, тој се осврна на настапите на Реал Мадрид оваа сезона.

Луѓето во светот во моментов го возвишуваат успехот на Реал Мадрид, но мислам дека е чесно да се каже дека имаа среќа. Може да се каже дека заслужија да изгубат од ПСЖ, од Челси, од нас па дури и од Ливерпул. Сепак, верувам дека никој не се сеќава на Реал Мадрид од 80тите или 90тите, кога имаа многу добар тим, но на крајот не ја освоија Лигата на шампионите.

Според него, освојувањето на Лигата на шампионите е прашање на време и не е опсесија за Граѓаните. Тимот на Гвардиоа за 10 дена ја започнува подготовката за новата сезона, а пред сините од Манчестер е тура во САД и натпревари против Клуб Америка и Баерн Минхен, пред Комунити шилд дуелот со Ливерпул.