ГОТОВО Е – ЛУКАКУ ВО ИНТЕР ЗА 10 МИЛИОНИ
Објавено на: 20.06.2022
Италијанската и англиската екипа, по втор пат за три години, постигнаа договор за позајмица на белгискиот робусен напаѓач кој се враќа во Милано, во редовите на нероаѕурите, кои се и повеќе од задоволни од ваквиот развој на настаните.
Цената што Интер ќе ја плати за Ромелу Лукаку од Челси е 10 милони евра, со можност договорот комплетно да биде откупен. Ова е враќање на офанзивецот на местото каде доживеа ренесанса во кариерата и ја освои титулата со Интернационале.

Лукаку имаше одлична натпреварувачка кампања во сезоната 2020/21 во редовите на сината екипа од градот на модата, постигнувајќи 30 гола на 44 одиграни средби. Во Челси, во сезоната 2021/22 постигна 15 на 44 одиграни натпревари.
Дали е исправен овој чекор на фудбалскиот „горостас“?