МАНЕ ГО ПРЕТВОРА РОДНОТО СЕЛО, ВО ГРАД
Објавено на: 21.06.2022
Израсна во еден од најдобрите фудбалери од Африка, на сите времиња. Нема човек на светов, кој следи фудбал или спорт, да не знае кој е Садио Мане. Сега целиот свет знае дека Мане е повеќе од човек.

Напаѓачот и репрезентативец на Сенегал, играч на Ливерпул кој најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен, го претвора селцето Бамбали, во мал град со сите потребни ресурси за функционирање.
– Изгради болница (500.000 ЕУР)
– Изгради училиште (250.000 ЕУР)
– Месечна помош за секое семество (70 ЕУР)
– 4Г интернет, бензиска, пошта

Бамбали има 2.000 жители, кои се качуваат по кровови кога Садио Мане ќе се појави во своето родно место. Има ли поголемо задовоство за еден човек, од ова? А, можеше да си купи јахта, на пример…
