Фудбал

КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ 11 ВО НАШАТА ИСТОРИЈА И КОЈ Е КАПИТЕНОТ?

Сабота навечер, нема фудбал во живо, поминува летото без светско првенство кое првпат во историјата е префрлено за зимата, мислите лутаат некаде меѓу минатото и иднината на македонскиот фудбал.

Македонскиот фудбал има спомени за паметење од времето на поранешната држава, но во поново време има спомени за паметење и од самостојната историја. Едно прашање се поставува само по себе:

Кои се најдобрите 11 фудбалери во историјата на македонскиот национален тим и кој би бил капитенот?

Еве насока за размислување без предрасуди од никаков тип, без досетки, без поларизација и без непотребни електрицитети, туку само од душа и класификација според изворните фудбалски квалитети.

Можеме ли да ги наброиме?