ПО ШТО Е ТОЛКУ ПОСЕБЕН СТАДИОНОТ АЦТЕКА?
Објавено на: 18.06.2022
Само една нација на светот и само еден стадион може да се пофалат со организација на три светски првенства во фудбал. Тоа се Мексико и Ацтека стадионот во престолнината на оваа северноамериканска земја, Мексико Сити.
Посебноста на стадионот е што таму веќе беа крунисани два од најголемите фудбалери на светот и во историјата, можеби и двајцата најголеми на сите времиња, а во поглед на светските првенства сигурно најуспешните.
The Estadio Azteca will become the first stadium to host three World Cups.
It's already crowned two of the greatest players of all time 🏆 pic.twitter.com/29CDLPcWlm
— ESPN FC (@ESPNFC) June 17, 2022
Пеле и Марадона во 1970-та и во 1986-та ги кренаа пехарите на мундијалите, едниот со бразилската репрезентација, а другиот со аргентинската. Кариоките имаат уште две титули (94, 02), гаучосите се уште немаат.
Ацтека е оценет како најмонументалниот стадион на сите времиња, има ли друга фудбалска арена што барем одблиску може да се поистовети со една ваква величина како овој спортски храм, во срцето на Мексико?