БАРСЕЛОНА ГО ШУТНА ПИКЕ?
Објавено на: 13.06.2022
Џерард Пике е на излезната врата на Камп Ноу. Ова се шпекулации, но потврдени од реномирани медиуми кои велат дека причината е непрофесионалното однесување на дефанзивецот, кој некогаш важеше за незаменлив дел од играта на Барселона.

Шпекулациите одат дотаму, што се споменува дека причина за раскинувањето на Џерард Пике со Шакира е мајката на Гави, но според последните информации, сепак најверојатно станува збор за млада блондинка која има нешто повеќе од 20 години.

И покрај се, ако успее, или ако веќе успеал да си го исчисти името пред соиграчот, тешко дека ваквите сапуници ќе му го исчистат името пред раководните лица на Барселона, кои проценија дека ваквото однесување на Пике не може да се толерира.

Треба ли да си замине вака, или заслужува повеќе?