КАКО ВИ СЕ ДОПАЃААТ НОВИТЕ ФУДБАЛСКИ ПРАВИЛА?
Објавено на: 13.06.2022
Судиската организација на ФИФА, во Доха, главниот град на Катар каде ќе се игра следното СП, ќе решава по следните прашања кои ќе бидат и конечно усвоени:
Замени
Правилото со пет замени, кое е привремено, ќе биде трајно во сите натпреварувања под капата на ФИФА (репрезентации). Тоа не значи дека сите национални првенства мора да го прифатат.
Исклучување
Играч кој на кој било дел од теренот ќе допре топка со рака, а притоа ќе попречува акција за гол, ќе биде автоматски исклучен.
Голман
Чуварот на мрежата, за време на изведувањето на пеналите, ќе мора со ДВЕТЕ нозе да биде на гол-линијата. Не пред неа или зад неа.
Офсајд
Полуавтоматски офсајд – ако играчот кој напаѓа, со задниот дел на телото (со кој може да ја допре топката) е во линија со одбраната, нема да се досудува офсајд.
Имате ли коментар за содржинава?
