Фудбал

ПРЕД КЕЈН Е САМО РУНИ

Англискиот репрезентативец Хари Кејн погоди од белата точка во 88-та минута и ја спаси Англија од пораз од Германија, во рамките на натпреварите од „Лига А“ дивизијата во Лигата на нациите.

Со овој погодок, фудбалерот на Тотенхем сега има јубилејни 50 во дресот на англиската фудбалска репрезентација, поминувајќи го Сер Боби Черлтон кој има 49. Прв на листата е Вејн Руни со 53 гола.

Ќе успее ли Хари Кејн да го помине Вејн Руни? За тоа достигнување има уште натпревари во ЛИгата на нациите, но и мечеви на претстојното светско фудбалско првенство што ќе се игра во Катар.