АКО ОВА НЕ Е ЉУБОВ, ТОГАШ ШТО Е?
Објавено на: 06.06.2022
Џејмс Милнер останува во Ливерпул. Договорот е потпишан на задоволство на двете страни и воедно објавен на официјалните гласила на англискиот вицепрвак.
We are delighted to announce that @JamesMilner has signed a new contract extension with the Reds 🙌🔴 pic.twitter.com/uaSHd0W4nJ
— Liverpool FC (@LFC) June 6, 2022
Тежината на договорот и траењето на истиот, воопшто не се важни, затоа што во изјавата на фудбалерот може да се прочитаат зборови на посветеност, чест, џентлменство и љубов:
Потпишав нов договор со Ливерпул. Се согласив на намалување на платата. Имав понуди и од други екипи, но во Ливерпул ми ветија дека секој ден може да земам колку сакам ќесички чај од клупската кантина. – се зборовите на поранешниот англиски репрезентативец.
Џејмс Милнер (36) дојде во Ливерпул во 2015-та година и веднаш му беше доделена улогата на заменик-капитен. Претходно играше во Лидс, Свиндон, Њукасл, Астон Вила и Манчестер Сити. Тој е рекордер со 46 настапи за англиската У21 селекција, а играше стандардно (61) и за Гордиот Албион во периодот од 2010-та до 2016-та.