ПОПОВИЧ ГИ ПРОЗВА ПОЛИТИЧАРИТЕ
Објавено на: 06.06.2022
Грег Попович го помина целиот свој живот во рамките на американското општество. Тој е еден од најуспешните луѓе во неговата професија, тренер во НБА лигата, но многу често има и свое мислење по одредени прашања кои го тангираат обичниот човек, а се од политичка природа.
Американската кошаркарска легенда со балкански корени, ги прозва политичарите на Тексас, да сторат нешто по прашањето за контрола на оружјето во САД, со оглед на тоа што во оваа земја последниве денови се случуваат многу вооружени престрелки и напади во кои има многу жртви:

Станете од вашите задници и сторете нешто! – гласи пораката испратена од Грег Попович, во слободен превод.
Во Тексас има најмногу убиства. Попович е роден 1949-та година, во Индијана. Сака да каже дека има српскохрватско потекло. Тој е тренер и претседател на Сан Антонио Спарс, има најмногу (тренерски) победи во историјата на НБА лигата и најдолго седи на клупата на една франшиза, од 1996-та.