МУРИЊО ВО ПСЖ? ПАК ЛИ ТОЈ?
Објавено на: 06.06.2022
Светските медиуми го поврзуваат стратегот Жозе Мурињо со тренерската позиција во ПСЖ, информирајќи дека француската екипа се подготвува да го отпушти актуелниот тренер, Аргентинецот Маурисио Покетино и да го ангажира Португалецот.

Мурињо е актуелен тренер на Рома, но ако му се пружи шанса да работи со една од најдобрите екипи на светот, тешко дека ќе може да каже „не“. Останува да се види дали има вистина во овие написи низ медиумите ширум Европа и светот.

Со потписот кој го стави на новиот договор, прво Килијан Мбапе ќе треба да даде зелено светло за ваков потег на раководството на францускиот фудбалски клуб. Мурињо веќе го посочи Меси како фудбалски Бог, а Мбапе како еден од најголемите таленти.

Се готви ли нешто сензационално во Париз? Има ли сила Мурињо повторно да „игра„ на големата сцена? Може ли ПСЖ конечно да стекне светска слава? Многу прашања и многу пари се во оптек, како најава за возбудлива сезона од септември…