Кошарка

СИТЕ ВО АВИОНОТ БЕА ХИПНОТИЗИРАНИ И ГЛЕДАА НБА

Не можеме да споредиме како е денес, со тоа како беше некогаш кога се стануваше во 3 по полноќ да се гледаат Лејкерс или Џордан и Булс, затоа што медиумите и достапноста на натпреварите не е иста во различни временски ери, како што не е исто и однесувањето на луѓето кои тогаш спиеја и работеа редовно во одреден стандарден биоритам.

Но, од спортски аспект, убаво е да се види масовна хипноза во еден авион, кога сите патници гледаат нешто убаво и културно во мониторите на седиштата, наместо турски серии и некакви фарми. Без разлика дали ова е шемаџиски Инстаграм потег, или е реален, секоја чест за сите што го имаа вклучено каналот со НБА натпреварот меѓу Мајами и Бостон!