Кошарка

ФИНАЛЕТО ЌЕ ГО СУДИ АРБИТАРОТ ШТО НИ ПОМОГНА ВО ЛИТВАНИЈА

Последниот натпревар сезонава, на финалниот турнир на Евролига меѓу Реал Мадрид и Анадолу Ефес, најтрофејниот европски клуб и актуелниот шампион, ќе го судат Луиџи Ламоника, Борис Рижик и Гитис Вилијус.

Италијанскиот арбитар ја делеше правдата на 1/4 ф. меч меѓу Македонија и Литванија на ЕП 2011 во Литванија и неговата присебност, односно доследност на правилата, беше битен момент во нашата победа.

Ламоника не потклекна пред домаќинот и неговата кошаркарска сила и историја, односно му дозволи на македонскиот состав да го покаже својот раскошен потенцијал и да си ја заслужи победата на тој натпревар.