Тенис

ЗА ИНАТ НА СПОРТОТ: ВИМБЛДОН КАЗНЕТ ПОРАДИ РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА

Најстариот и најпрестижниот тениски турнир, третиот Грен Слем во календарската година, ќе претрпи санкции поради тоа што не дозволува руските и белоруските тенисери да настапуваат на годинешното издание, кое е на програмата по Ролан Гарос.

АТП ќе им ги одземе, односно нема да ги смета во конечниот поредок, бодовите на тенисерите кои ќе настапат на Ол Ингланд Клуб терените. Ова е одговор на инаетењето на англиските идеи да ги санкционира спортистите поради политика.

Причина за кавгата е војната во Украина. Англичаните ги санкционираат Русите и Белорусите според нивното потекло, АТП не се согласува со ваквиот став. Кој губи најмногу, во случајов на тврдоглавоста од сите страни? Спортот, се разбира…