Фудбал

МАРКИЊОС ВО АРСЕНАЛ – СКАНДАЛОЗНО?

Бразилскиот офанзивен играч кој може да игра на центарлната позиција или по страната, многу веројатно ќе се пресели во Лондон и ќе заигра за топџиите, но неговиот трансфер е оценет како скандалозен.

Бразилските експерти тврдат дека поради некаква грешка во договорот, Маркињос (19) ќе го напушти Сао Пауло за само 3 милиони евра, додека вреди меѓу 10 и 15 милиони. Бразилскиот клуб се бори за поголема компензација, ако Маркињос некогаш го напушти Арсенал со отштета.