ХОЛАНД МНОГУ МЛАД СЕ ОТКАЖА ОД ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛШ?
Објавено на: 10.05.2022
Според информациите од добро упатените извори во светот на фудбалот, норвешкиот интернационалец веќе потпишал за Манчестер Сити и следната сезона ќе го носи дресот на сината екипа од овој англиски град.

Со оглед на тоа дека на Сити не му е судено да ја освои Лигата на шампионите, дали потписот со Холанд значи добивање свежа енергија за овој трофеј, или 21-но годишниот фудбалер прерано се откажа од освојување на истиот?

Инаку, Холанд е роден на 21-ви јули 2000-та година, во Лидс, кога неговиот татко Алфи играше за оваа екипа.